Со една меница може да се гарантираат повеќе кредити

Bez autora
Mar 10 2014

Kога подигнувате кредит во банка, мора да оставите потпишана меница. Илјадници граѓани, барем тие што се чести клиенти на банките знаат дека тоа е неизбежен дел од целата процедура. Но, дали сте се запрашале што точно значи меницата и каде завршува откако ќе го отплатите и последниот денар од задолжувањето што го имате кон банката? Оваа вредносна хартија банките ја чуваат како очи во главата, зашто ако клиентот не ги плаќа редовните обврски со неа ја обезбедува наплата на долгот. Kога ќе го отплатите задолжувањето, банката е должна да ја уништи и меницата пред вас, покрај тоа што ќе издаде потврда дека повеќе ништо не им должите. Дали и колку банките го почитуваат ова правило или сами си ги уништуваат мениците без клиентите, односно каде завршуваат истрошените гаранции? Искуствата на граѓаните се различни. Има примери од поништување на меницата пред нивни очи до такви што прв пат слушаат дека покрај потврдата треба да си ја побараат меницата од банката.

Со една меница може да се гарантираат повеќе кредитиKога подигнувате кредит во банка, мора да оставите потпишана меница. Илјадници граѓани, барем тие што се чести клиенти на банките знаат дека тоа е неизбежен дел од целата процедура. Но, дали сте се запрашале што точно значи меницата и каде завршува откако ќе го отплатите и последниот денар од задолжувањето што го имате кон банката? Оваа вредносна хартија банките ја чуваат како очи во главата, зашто ако клиентот не ги плаќа редовните обврски со неа ја обезбедува наплата на долгот.

Kога ќе го отплатите задолжувањето, банката е должна да ја уништи и меницата пред вас, покрај тоа што ќе издаде потврда дека повеќе ништо не им должите. Дали и колку банките го почитуваат ова правило или сами си ги уништуваат мениците без клиентите, односно каде завршуваат истрошените гаранции? Искуствата на граѓаните се различни. Има примери од поништување на меницата пред нивни очи до такви што прв пат слушаат дека покрај потврдата треба да си ја побараат меницата од банката.

- Kога пред некое време затворав кредит, службеникот од банката ја уништи меницата пред мене - вели Мирко од Скопје.

Друг граѓанин вели дека не ни знаел дека тоа е дел од процедурата кога затвора кредит, а ни банката не ја уништила пред него и не ни знае каде е неговата меница. А пак трет има најинтересен случај.

- Пред некое време го исплатив кредитот во една од помалите банки. Службеничката ми кажа дека нема потреба да се поништува меницата, туку дека ќе ми ја чуваат во случај ако земам друг кредит да не плаќам и не потпишувам нова - вели Јасминка од Скопје.

Банките што ги контактиравме се децидни дека ги почитуваат законските процедури.

- При кредитирање физички лица, согласно интерните акти и процедури во Банката, при целосна отплата на кредит обезбеден со меница, клиентот добива потврда за исплатен кредит и поништена меница. Во случај клиентот да не дојде во Банката за подигнување на меницата, истата се поништува со другата документација за кредитот, согласно роковите за чување кредитно досие, предвидени во законските прописи и актите на Банката. Во делот на кредитирање на стопанството, секогаш по измирувањето на обврските по одредена партија на кредитна изложеност, доколку се предвидени меници и како обезбедување за задолженоста, истите им се враќаат на правните лица. Банката не врши ништење на прифатените меници на правните лица - објаснуваат од Kомерцијална банка.

И во Тутунска банка потврдуваат дека мениците се уништуваат на самото место.

- Ние ги враќаме мениците кога ќе се затвори кредитот. Тоа се пари на Народна банка, таа ги издава тие меници, а ние сме само сервис - објаснуваат од банката.

Инаку граѓаните треба да знаат дека кога затвораат кредит во банка освен потврда, треба да си ја бараат и потпишаната меница со која гарантираат дека ќе го вратат долгот. Банките овие хартии ги чуваат на сигурни места заедно со сите податоци и договори потпишани со клиентите, бидејќи тие се гаранција дека ако нешто тргне на лошо во отплаќањето на задолжувањата, можат да ги искористат како средство за наплата.

Иако реално е речиси нeвозможно мениците од банката да завршат во погрешни раце и да бидат злоупотребени. Но, заради лична и заради сигурноста на жирантите, најдобро е од банката да се бара по намирувањето на обврските да ви ја врати поништената меница.

Граѓаните најчесто се сретнуваат со трасираната меница, најчесто за обезбедување одредени кредитни односи. Во зависност од висината на кредитот вредноста на формуларот на меницата е од 100, 200 или 500 денари. При склучувањето договор за кредит должникот - кредитобарателот освен другите документи на банката што е давател на кредитот ~ предава меница. На пример, меницата од 200 денари се користи за суми од 150.000 до 200.000 денари, а таа од 500 денари е гаранција за суми над 300.000 денари.

Меница и за вработување

На еден граѓанин за да се вработи во позната компанија како комерцијалист му било побарано да потпише меница како гаранција дека ќе одговара за возилото и стоката што ја дистрибуира ако им се случи нешто непредвидено.

Откако прв пат се соочил со вакво искуство, побарал правна помош дали може ваквата гаранција да го втурне во проблеми.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik